Утрински Весник
Свет

Путин: До крајот на летото ќе постигнеме колективен имунитет

Путин: До крајот на летото ќе постигнеме колективен имунитет

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека очекува Русија да постигне колективен имунитет на коронавирусот до крајот на летото.

Како што најави, земјата потоа ќе ги укине ограничувањата поврзани со пандемијата.

„Ако вакцинацијата се одвива со истото темпо како досега, мислам дека ова лето или до крајот на летото, ќе постигнеме, мора да постигнеме, таков индикатор“, истакна Путин.

Рускиот претседател, кој беше вакциниран со вакцина од руско производство оваа недела, исто така, рече дека единствените несакани ефекти што ги доживеал биле лесна болка во мускулите следното утро и непријатно чувство на местото на инјектирање, објави „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада