Утрински Весник
Свет

Путин ги спореди санкциите кон руската култура со нацистичкото палење книги

Путин ги спореди санкциите кон руската култура со нацистичкото палење книги
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди отстранувањето на руските уметници од културните програми во некои западни земји со палењето книги од страна на нацистите.

„Последниот пат нацистите во Германија, пред речиси 90 години, водеа таква кампања за уништување една непожелна култура. Добро се сеќаваме на фотографиите од запалени книги на јавни места“, истакна Путин на средба со културните работници.

Тој нагласи дека Западот се обидува да ја уништи руската култура со откажување на делата на големите композитори Пјотр Илич Чајковски, Дмитриј Шостакович и Сергеј Рахманинов бранејќи ги руските писатели и нивните книги.

Путин и другите руски функционери често ја споредуваат нацистичка Германија со денешниот Запад, кој го обвинуваат дека води русофобна кампања во изминатиот месец од почетокот на руската инвазија на Украина.

Можете да прочитате

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство