Утрински Весник
Свет

Путин: Во Украина се направени компоненти за биолошко оружје

Под контрола на САД, во Украина направија компоненти од биолошко оружје, рече рускиот претседател Владимир Путин на седницата на ОДКБ во Москва.

Тој додаде дека се создаваат механизми за дестабилизирање на епидемиолошката ситуација во Заедницата на независни држави. Коментирајќи го влезот на Финска и Шведска во НАТО, Путин посочи дека Русија нема проблеми со овие земји, нивниот влез не претставува закана, но ќе предизвика одговор.

„Русија нема проблеми со Финска и Шведска, нивниот евентуален влез во НАТО не претставува закана за Москва. Но, проширувањето на воената инфраструктура на териториите што ќе влезат во НАТО ќе предизвика негативна реакција“, рече Путин.

Рускиот лидер го нарече проширувањето на НАТО проблем кој е вештачки создаден во надворешнополитичките интереси на САД. Путин најави серија заеднички вежби на ОДКБ во Казахстан, Киргистан и Таџикистан, кои ќе се одржат оваа есен.

Тој нагласи дека зад затворени врати детално ќе ги информира лидерите на ОДКБ за напредокот на специјалната воена операција во Украина.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени