Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Пунктот за вакцинација на УКИМ ќе биде отворен секој работен ден од 8 до 14 часот

Пунктот за вакцинација на УКИМ ќе биде отворен секој работен ден од 8 до 14 часот
Img 7972

Вакциналниот пунк на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кој ќе биде ставен во функција до крајот на оваа недела ќе биде отворен секој работен ден, од 8 до 14 часот.

Како што појасни ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.

„Целта на вакциналниот пункт е да се олесни и забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените на нашиот Универзитет, со што Универзитетот веќе обезбеди простор и соодветна опрема за таа намена, во Кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет“, вели Јанкуловски.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени