Утрински Весник
Свет

Пукање во Тенеси – три лица загинаа, а 14 се повредени

Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во пукање во близина на ноќен клуб во Чатануга, Тенеси, соопшти денеска полицијата.

Според началникот на полицијата Селест Марфи, 14 лица биле погодени во престрелката, а тројца биле погодени од возила додека се обидувале да побегнат од местото на настанот, пренесе АП.

Две лица загинале од прострелни рани, а третото починало кога возило удрило во неа додека се обидувала да побегне од местото на настанот.

Можете да прочитате

Иран се закани со напади врз електроцентрали на Блискиот Исток, на списокот и нуклеарка во Емиратите

Белгија ги враќа воените патроли на улиците поради растечки безбедносни закани

Почина поранешниот француски премиер Лионел Жоспен