Украинската армија соопшти дека еден војник загинал во утринава гранатирање на силите на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР) во источна Украина.
#BREAKING Ukraine army says soldier killed in separatist east pic.twitter.com/RaEVoQeH1n
— AFP News Agency (@AFP) February 19, 2022
Украинската армија на својата Фејсбук страница објави дека од почетокот на денот забележала 19 прекршувања на прекинот на огнот од страна на припадниците на силите на ДНР и ЛНР, во споредба со 66 случаи регистрирани во претходните 24 часа.
Во соопштението на украинската армија се наведува дека „сепаратистите отвориле оган врз повеќе од 20 населени места, користејќи тешка артилерија, што е забрането со договорите од Минск“.
Тие ги негираат предупредувањата на Москва дека Киев би можел да започне офанзива во источна Украина, пренесува Ројтерс.
Во меѓувреме, Телеграмскиот канал на Центарот за координација и контрола на примирјето во источна Украина денеска објави дека украинските вооружени сили го прекршиле договорот за прекин на огнот во областа на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) 31 пати во последните 24 часа.
Самопрогласената Народна Республика Доњецк (ДНР) денеска соопшти дека во украинското гранатирање била оштетена важна станица за водоснабдување, како и дека во тек е евакуација на населението во Русија бидејќи „ситуацијата во Донбас се вложила“.
Повеќе експлозии можеше да се слушнат утрово во северниот дел на Доњецк, кој е под контрола на проруските сили во источна Украина, објави Ројтерс, повикувајќи се на очевидец.
Засега не е познато за каква експлозија станува збор.
Ниту проруските сили ниту Киев досега не се изјаснија за експлозиите.
Источник сообщил о взрыве снаряда на территории Ростовской области. Он разорвался в километре от границы с Украиной, пострадавших нетhttps://t.co/zanoUTCf73 pic.twitter.com/WGEevHWqet
— РИА Новости (@rianru) February 19, 2022
Експлозиите уследија по повеќекратните предупредувања од администрацијата на Бајден дека Русија подготвува операции за „лажно знаме“ за да ја оправда инвазијата на Украина, вклучително и напад врз главниот град Киев.
Министерот за надворешни работи на Украина изјави дека силите на таа земја дејствуваат воздржано и покрај интензивното артилериско бомбардирање од четвртокот преку линијата на фронтот на исток од позицијата на сепаратистите.