Утрински Весник
Магазин

Психоделичната дрога ДМТ во Британија ќе се тестира како лек против депресија

Психоделичната дрога ДМТ во Британија ќе се тестира како лек против депресија

Во прва студија од тој вид, здравственото регулаторно тело на Велика Британија даде зелено светло за клинички тестирања на диметилтриптамин (ДМТ), со цел да се утврди дали оваа психоделична дрога е ефикасна во лекувањето на луѓе кои страдаат од депресија, објави „Индипендент“.

ДМТ има халуциноген состав, поради што овој психоделик се нарекува „духовен молекул“, бидејќи силно ја изменува свеста и предизвикува „трипови“. Важи и за една од главните состојки на ајахуаската, јужноамериканскиот напиток што го користат шаманите во нивните ритуали.

Дрогата предизвикува халуцинации и промени за чувството за време, простор и звук и време, но овие ефекти се значително пократки во споредба со другите психоделични дроги, како што се ЛСД и магичните печурки, чии ефекти не запираат дури и по неколку часа, се додава во текстот на „Индепендент“.

Тестовите ќе ги води Центарот за психоделични истражувања во Кралскиот колеџ во Лондон, во соработка со компанијат „Смол фармa“, која ја опиша дозволата за тестирање како вистинска пресвртница во лекувањето на депресијата.

Идејата е да им се даде ДМТ на здрави волонтери, но во втората група ќе има волонтери кои имаат депресија и кои паралелно ќе одат на психотерапија.

Керол Рутлиџ, шеф на медицинскиот тим и службеник за истражување на „Смол фарма“, рече дека одобрувањето од страна на регулаторното тело е вистинска пресвртница во трката за ефикасно и безбедно лекување на луѓето кои патат од депресија, бидејќи се повеќе луѓе страдаат од оваа состојба поради пандемијата.

Неврофармацевтската компанија „Смол фарма“ се надеваат дека тестовите ќе го променат мислењето на јавноста за супстанцијата, која како што велат, е жигосана, бидејќи сега луѓето ќе можат да видат дека супстанцијата е корисна и за медицината.

„Преку одговорно истражување засновано врз докази во психоделичната медицина, се надеваме дека ќе го смениме мислењето за стигматизираните супстанции, за на нив да се гледа како корисни за медицински цели и како на лекови кои можат да бидат интегрирани во сегашниот здравствен систем. Целта е да се направи супстанцијата достапна за секој што страда од депресија “, велат истражувачите.

Истражувачкиот тим се надева дека ќе започне со тестирање во јануари 2021 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста