Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

ПСЖ ја декласира Гамба Осака

300x250 opst2

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја совладаа Гамба Осака со 6:2 во подготвителeн натпревар на гостувањето во Јапонија.

dobivaj vesti na viber

Парижаните беа доминантни во првото полувреме во кое постигнаа четири гола. Темпото падна во продолжението, а триумфот на „светците“ го потврдија Нејмар и Мбапе.

Серијата ја отвори Пабло Сарабија со гол во 27. минута, а Нејмар од пенал пет минути подоцна ја зголеми предноста на ПСЖ.

Гамба Осака по само две минути успеа да ја намали предноста на фаворитите, голот го постигна Курокава.

До крајот на полувремето ПСЖ постигна уште два гола. Најпрво Нуно Мендеш на асистенција на нововлезениот Витиња зголеми на 3:1, а на минута пред одморот Меси го постигна четвртиот гол за ПСЖ по додавањето на Нејмар.

Во вториот дел видовме уште три гола. Нејмар втор пат погоди во 60.минута, потоа намали Јамами, а конечниот резултат го постави резервистот Килијан Мбапе од белата точка.

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер