Утрински Весник
Спорт

ПСЖ се загрева за Лигата на шампионите со турнир во Катар

Тухел ја потврди желбата на Нејмар да го напушти ПСЖ

Доха, 17 мај 2020 (МИА) – Неколку француски клубови, предводени од шампионот Пари Сен Жермен, размислуваат за организирање на турнир во Катар во јули. Другите учесници најверојатно ќе бидат Лион, Лил и СентЕтјен.

За ПСЖ, турнирот ќе биде проба пред продолжување на Лигата на шампионите, а за останатите екипи ќе биде дел од подготовките за новата сезона во Лига 1.

На Парижаните им претстојат и последните натпревари во Купот на Франција и Лига Купот.

Натпреварите најверојатно ќе се играат во главниот град Доха. Во моментов не се пуштаат странци во Катар, но ситуацијата се очекува да се промени до јули.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност