Утрински Весник
Спорт

ПСЖ сака да се засили со Бензема

Мадрид, 22 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Реал, Карим Бензема е во сферата на интересите на ПСЖ, објавија шпанските медиуми.

Според „Мундо Депортиво“, францускиот клуб во напаѓачот гледа замена за Единсон Кавани, кој треба да замине на крајот на сезоната.

Сепак, парискиот клуб ќе биде тешко да ја постигне својата цел, бидејќи тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета на Французинот за следната сезона.

Меѓутоа, доколку шпанскиот клуб навистина сака да ги потпише Роберт Левадонски или Хари Кејн, парите од продажба на Бензема можат да му помогнат во таа намера.

Триесет и двегодишниот, Карим Бензема оваа сезона има одиграно 36 натпревари за Реал Мадрид и постигна 19 гола со девет асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство