Утрински Весник
Спорт

ПСЖ постигнале договор со Усман Дембеле

ПСЖ постигнале договор со Усман Дембеле

Усман Дембеле од наредната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ. Челниците на „светците“ постигнале договор со крилниот напаѓач на Барселона, кој по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч.

РМЦ Спорт, објави дека Барселона на фудбалерот му понудиле договор до јуни 2024 година и годишна плата од 8.000.000 евра. Дембеле и неговиот менаџер ја одбиле оваа понуда.

Дембеле и во зимскиот преоден рок се наоѓаше пред трансфер во Барселона, но тогаш ПСЖ одбија да платата обесштетување за него.

24-годишникот од почетокот на сезоната има одиграно 16 натпревари во сите натпреварувања, постигнал два гола и забележал пет асистенции.

> ПСЖ постигнале договор со Усман Дембеле <

Можете да прочитате

Ќерката на Родман стана најплатена фудбалерка во светот

Бранителот на Купот Вардар против Охрид во четвртфиналето

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите