Утрински Весник
Спорт

ПСЖ не го продале Мбапе за да го испочитуваат финансискиот ферплеј

ПСЖ не го продале Мбапе за да го испочитуваат финансискиот ферплеј

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, откри зошто клубот ја одбил понудата од Реал за Килијан Мбапе. Во финишот на преодниот рок, Реал, за Мбапе нудеја 200 милиони евра. ПСЖ ја одби понудата и покрај тоа што Мбапе влезе во последната година од договорот.

Нема логика во одговорот на прашањето зошто ПСЖ не прифатил 200 милиони евра.

„Единствено е важно да го почитуваме финансискиот ферплеј. ПСЖ го почитува“, рекол Ал-Келаифи.

Интересен одговор на претседателот чии клуб во летниот преоден рок ги донесе Ашрав Хакими и Нуно Мендеш, за чии трансфери издвои 80 милиони евра и во исто време им даде астрономски плати на играчи кои без обесштетување пристигнаа во Париз: Лионел Меси, Серхио Рамос, Џиџи Донарума, Жоржињо Вајналдум.

> ПСЖ не го продале Мбапе за да го испочитуваат финансискиот ферплеј <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина