Утрински Весник
Спорт

ПСЖ е подготвен за трансфер на Милинковиќ Савиќ од Лацио

ПСЖ е подготвен за трансфер на Милинковиќ Савиќ од Лацио
Dik 300x250 mk

Париз, 7 март 2020 (МИА) – Раководството на ПСЖ подготвува понуда за Сергеј Милинковиќ Савиќ, објави „Газета дело Спорт“.

Според италијанскиот весник, спортскиот директор на „светците“ Леонардо има голема желба за ангажман на српскиот интернационалец од Лацио и, конечно, е спремен да ги исполни желбите на римскиот клуб.

Леонардо беше со таква намера додека ја извршуваше функцијата во Милан, но беше оневозможен поради тешката финансиска ситуација на „росонерите“.
Лацио, пак, не отстапува од 100 милиони евра колку што бара за Милинковиќ Савиќ и според „Газета дело Спорт“, сумата би можела да биде исплатена во текот на летниот преоден рок. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето