Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

ПСЖ го освои Купот, ама го загуби Мбапе (видео)

ПСЖ го освои Купот, ама го загуби Мбапе (видео)
300x250 opst2

Финалето на францускиот Куп, вечерва пред ограничен број на гледачи на „Стад `д Франс“ донесе вистинска војна.

Шампионот ПСЖ на мегдан со Сент Етјен, по подолг период фудбал во Франција затоа што Лига 1 не продолжи по прекинот поради пандемијата со коронавирусот.

Шампионот тргна шампионски. Уште во 14 минута ПСЖ поведе со 1-0. Мбапе биеше од десната страна, голманот Мулин кратко одби во поле, натрча Нејмар и биеше под пречката за водство.

Вистинско лудило на теренот настана во 29 минута.

Контра напад повлече Мбапе, но грубо беше фаулиран од капитенот на Сент Етјен, Перин. Тука настана вистинска мешаница на теренот, на работ на тепачка.

Мбапе остана да се превиткува на тревникот, а судијата подели 7 жолти картони на највоинствените, додека Перин доби црвен картон.

Статистиката покажува дека ПСЖ имаше комплетна доминација на теренот. Упати десетина шута во рамките на голот, додека Навас на голот на „Светците“ имаше само две интервенции. Сепак остана 1-0, доволно за титулата да остане во Париз.

Титулата во Купот за ПСЖ останува во сенка на повредата на Мбапе. Засега е непознато од каква природа е, но судејќи по фотографијата, воопшто не е наивна.

> ПСЖ го освои Купот, ама го загуби Мбапе (.) <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг