Утрински Весник
Спорт

ПСЖ го „здроби“ Нант за титулата од Суперкупот на Франција

Пари Сен-Жермен одигра доминантен натпревар за да стигне до 4:0 победа над Нант на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив, Израел и да ја освои титулата од Францускиот Суперкуп.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Кристоф Галтие доминираше од почетокот до крајот на мечот, за на совршен начин да го обележат стартот на новата француска сезона. Првиот гол на мечот го постигна Лионел Меси, откако на свој препознатлив начин успеа да го совлада голманот на Нант, Албан Лафонт.

Во финишот на првото полувреме, Нејмар од слободен удар постигна фантастичен гол за удвојување на водството, по што во 57. минута, ветеранот Серхио Рамос да постигне ефективен гол со петица. Нејмар стави точка на мечот во 82. минута со гол од пенал.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина