Утрински Весник
Македонија

Прoнајден хероин, приведени две лица

Прoнајден  хероин, приведени две лица

Вчера околу 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР и Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.И.(33) од Куманово и Р.З.(37) од Свети Николе.

При преглед во возилото и нивен личен преглед, кај Ш.И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај Р.З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Загадениот воздух ни го краде вниманието и ги заматува емоциите, покажува ново истражување

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот