Утрински Весник
Економија

Проширен тимот на агенти во контакт-центарот за поддршка на бизнисот во коронакризата

Проширен тимот на агенти во контакт-центарот за поддршка на бизнисот во коронакризата

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Владиниот контакт-центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните за економските мерки за Ковид-19 го прошири тимот на агенти во повеќе надлежни министерства и институции. На телефонскиот број 02/324-8040, освен примарното јавување од стручен тим од Владата, сега на прашањата одговараат и лица од Министерствата за труд и социјална политика, за економија, финансии, информатичко општество и администрација, Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, целта на проширувањето на тимот на агенти е да се обезбедат навремени и прецизини информации во врска со специфичните прашања коишто се во надлежност на дадена институција и навремено да им се помогне на граѓаните и компаниите да ги оставарат своите права или да ја искористат финансиската и друга помош за справување со последиците од Ковид-19.

За еден месец има вкупно 2.674 јавувања и досега постои голем интерес за користење на владините економски мерки кај компаниите и граѓаните. Притоа, како што информира Кабинетот на Царовска, најчесто поставувани прашања (96 отсто од вкупниот број) се за: можноста за користење финасиска поддршка за исплата на плата за работниците; можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа; кредитирањето преку Развојна банка на Република Северна Македонија; постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час.

Контакт-центарот работи од 8 до 16 часот секој работен ден. На прашањата кои пристигнуваат во контакт-центарот, според потребите, се одговара на македонски и на албански јазик.

Контакт-центарот е обезбеден во соработка со МАСИТ како донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија. хс/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија