Утрински Весник
Свет

Професор Шахин: Животот ќе се врати во нормала до следната зима

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Ефектот на новата вакцина против Ковид-19 ќе се почувствува значително во текот на претстојното лето, а  треба да се врати во нормала до следната зима, тврди еден од креаторите на вакцината, професорот Угур Шахин, косопственик на „Бионтекс“.

Шахин верува дека оваа зима сепак ќе биде тешка бидејќи вакцината нема да има големо влијание врз бројот на новозаразени, пишува „Би-би-си“.

Во интервју за „Би-би-си“, професорот Шахин изјави дека е убеден дека вакцината ќе го намали преносот на вирусот меѓу луѓето и со тоа ќе спречи развој на симптоми кај луѓето кои се вакцинирани. Тој додаде дека можно е и вакцината да го преполови преносот на вирусот, што би било од големо значење.

Откако беше објавена веста за првата ефикасна вакцина против коронавирус во светот, сер Џон Бел, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Оксфорд, рече дека животот може да се врати во нормала до пролетта.

Но, проф. Шахин верува дека ќе биде потребно повеќе време за повторно да се нормализира животот.

„Нашата цел е да испорачаме повеќе од 300 милиони дози вакцини ширум светот до април следната година“, што, посочи тој, „треба да биде само почеток на поголем ефект“ на вакцината врз ширењето на пандемијата. Тој објасни дека поголема ефикасност на вакцинацијата ќе се почувствува подоцна.

„Летото ќе ни помогне во тоа, бидејќи стапката на инфекција се намалува во текот на летото, и за нас е многу важно да можеме да реализираме висока стапка на вакцинација пред есента и зимата следната година.

На новинарско прашање дали вакцината е исто толку ефикасна за постарата популација како за помладата, тој одговори дека ќе може да даде попрецизен одговор во следните три недели.

Тој исто така рече дека сè уште не е познато колку долго ќе трае имунитетот на лицето откако ќе ја прими втората доза на вакцината.

Во секој случај, дополнителната, повторна вакцинација не треба да биде премногу комплицирана доколку се утврди дека имунитетот значително се намалил по една година.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата