Утрински Весник
Македонија

Професор од Кавадарци во мисија за изработка и донирање визир маски

Професор од Кавадарци во мисија за изработка и донирање визир маски

Кавадарци, 30 март 2020 (МИА) –  Професорот иноватор од Кавадарци Димитрија Ангелков се вклучи во мисијата за изработка и донирање на визир маски.

-Ова е едноставна иновација која ја открив самостојно, сите делови ги има во железарите и книжарниците. Најпрво изработив само 100 маски кои се покажаа добри во пракса. Се користи заштитна самолеплива гумичка за прозорци, фолија а4 формат, хефталица и ластик. Една маска се изработува за помаку од 50 секунди. Се премачкува со танок слој сјај и се дезинфицира со раствор варикина, еден спрема дваесет, рече Ангелков.

Предизвикот потоа го реализирал со  пријателот  Тоше Манев, со вкупно 100 маски.

-Продолживме со Коста Бојаџиев, денеска изработивме 200. Како се јавуваат донатори, ќе правиме уште повеќе. Маските ги донираме за здравствени работници, аптеки, пожарникари, вработени во претпријатието за паркинг, појаснува Ангелков кој е доктор по електротехнички научи и и има бројни награди за иновации.

Вели дека продолжува со хуманата мисија и очекува да му се придружат и други, особено со репроматеријали. свд/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина