Утрински Весник
Свет

Протече датумот за средбата меѓу претставниците на Русија и НАТО

Протече датумот за средбата меѓу претставниците на Русија и НАТО

Седницата на Советот Русија-НАТО би можела да се одржи на 12 јануари, јавува турската агенција „Анадолија“, повикувајќи се на неименувани извори во Северноатлантската алијанса.

Според нив, овој датум го одредил генералниот секретар на блокот, Јенс Столтенберг, кој е и претседател на Советот.

„ Ние сме во контакт со Русија по ова прашање“, рече соговорникот на агенцијата.

Истиот ден во Брисел е предвидена седница на началниците на Генералштабовите на земјите членки на НАТО. Руското Министерство за надворешни работи објави документ што официјална Москва го испратила до НАТО за безбедносните гаранции, за кои неодамна разговараше и рускиот претседател Владимир Путин, а кои првенствено се однесуваат на проширувањето на военото присуство на Алијансата на западните граници на Русија.

Главната точка во документот имплицира дека Русија и САД нема да распоредуваат оружје на територии кои можат да претставуваат закана за националната безбедност.

Во исто време, Русија предлага да не се распоредуваат дополнителни сили на териториите на европските земји во однос на оние кои беа распоредени на 27 мај 1997 година, кога беше потпишан Основачкиот акт Русија-НАТО.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати