Утрински Весник
Македонија

Протест на коалицијата на лица со попреченост „Менуваме“ пред Владата

Протест на коалицијата на лица со попреченост „Менуваме“ пред Владата

Коалицијата на лица со попреченост „Менуваме“ најави протест за денеска со почеток во 19 часот пред Владата под мотото „30 години заборавени, неразбрани и неприфатени!“.

„Бараме слух од државата за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост“, се наведува во најавата за протестот.

Од коалицијата наведуваат дека од Владата нема одговор по одржаната средба.

„Исто така напоменуваме после одржаната средба во Владата, претставниците од Владата по одржаната средба побараа да издвоиме три приоритетни барања за кои до ден денес немаат одговор т.е. докажаа и покажаа дека децата и лицата со попреченост 30 години се заборавени, неразбрани и неприфатени“, велат од „Менуваме“.

Можете да прочитате

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата