Утрински Весник
Македонија

Протест на ВМРО-ДПМНЕ

Протест на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Пред зградата на Јавното обвинителство вечерва во 18:15 часот почна протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Поддржувачите на оваа партија и присутните граѓани се движеа по кејот на реката Вардар, се до Врховниот суд.

Протестот, според организаторот, има за цел да покаже дека одговорност мора да има и оти за неправдите е виновен поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев.

Пред присутните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој истакна дека судската и обвинителската власт, како што рече, се брутално згазени.

– Зоран Заев е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија, обвини Мицкоски. Заев, како што рече, е и трговец со виталните органи на нашата Македонија и правдоубиец.

Според него, главни советници и верни заштитници на криминалот на Заев се Вилма Рускоска и Љубомир Јовески, уште неколку врховни судии и како, што рече, и неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат.

На протестот, кој беше масовен, присутните граѓани извикуваа „Сакаме правда“, „Македонија“, пееја патриотски песни, вееја македонски знамиња, а главниот транспарент беше „Заев е виновен“.см/мд/

Протест на ВМРО ДПМНЕ

Posted by MИА.mk on Вторник, 25 февруари 2020

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЛАДЕН БРАН НА БАЛКАНОТ: Ни доаѓа првиот снег за оваа сезона!

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, прифаќам само македонски црвени линии

Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност прашуваат од СДСМ