Утрински Весник
Македонија

Протест за случајот „Монструм“ во Скопје, улиците ќе бидат блокирани три часа

(Видео) Ангеловски: За 36 отсто намален бројот на жртви во сообраќајни несреќи
Dik 300x250 mk

Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, најавија протест во Скопје, откако во завршните зборови на последното судско рочиште, Обвинителството побара највиоски казни за нив поради петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Полицијата потврди дека за денеска е закажан протест со почеток во 13,30 часот, кој ќе започне од парк Чаир со движење по улицата „Цветан Димов“, во продолжение по булеварот „Крсте Мисирков“, десно по булеварот „Гоце Делчев“ заедно со група која што ќе се собира пред „Скендер бег“ ќе се упати по улицата „Филип Втори Македонски“ до OJO во траење од три часа.

„Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. Затворени за сообраќај од 13,00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: булеварот Христијан Тодоровски Карпош“, улицата „.Џон Кенеди“, улицата „Цветан Димов“, булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори Македонски“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање