Утрински Весник
Свет

Протест во Подгорица против мерките за коронавирус

Протест во Подгорица против мерките за коронавирус
Dik 300x250 mk

На Плоштадот на независноста во Подгорица, Црна Гора, денеска се одржа протест поради мерките против коронавирусот.

Протестот во Подгорица е еден од многуте организирани денес низ Европа против мерките наметнати во борбата со пандемијата.

Собраните граѓани не носеа заштитни маски и упатија порака дека сегашните епидемиолошки мерки не даваат резултат. Од друга страна, тие посочија дека на овој начин се уништува економијата, и дека луѓето губат работа секој ден.

Еден од учесниците на протестот, Павле Радевиќ, рече дека тие бараат укинување на сите мерки.

„Ова не е политички митинг. Бараме усвојување на мерки на здрав разум. Веруваме дека носителите на одлуки ќе се свртат кон нас, бидејќи сегашните мерки се бесмислени“, рече Радевиќ.

На собирот беше посочено дека важечките мерки ги кршат основните човекови права. Беше најавено дека протести ќе се одржат и во другите црногорски градови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон