Утрински Весник
Свет

Протести против ограничувачките мерки во Шведска и Велика Британија

Протести против ограничувачките мерки во Шведска и Велика Британија
Dik 300x250 mk

Во три поголеми градови во Шведска, Стокхолм, Гетеборг и Малме, се одржаа протести против ограничувањата наметнати во борбата против пандемијата на коронавирус.

На протестот во Стокхолм беа забележани помали судири меѓу полицијата и демонстрантите, а вкупно се приведени седум лица.

Шведска, со околу 10,2 милиони жители, досега има регистрирано 744.272 случаи на коронавирус и 13.262 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

И во Лондон се одржаа исти протести, а неколку лица биле приведени.

Илјадници граѓани маршираа низ центарот на Лондон, а некои од нив се судрија со полицијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон