Утрински Весник
Свет

Протести против климатските промени во Германија

Протести против климатските промени во Германија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Активисти од организации за заштита на животната средина во Германија се собраа пред Министерството за сообраќај во Берлин, барајќи веднаш да се прекинат сите проекти за изградба на аеродроми, автопатишта и магистрални патишта во земјата.

Демонстрантите се собраа пред министерството со транспаренти со натпис „Стоп за уништувањето на нашите елементарни ресурси“ и бараат да се прекине со сечата на дел од шумата Даненројдер, која започнала минатата недела, со цел пробивање траса за изградба на нов автопат, пренесе „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски го објави мировниот план од 20 точки

Руски хакери се пофалија дека ја нападнале француската пошта

Тројца загинати по експлозија во Москва