Утрински Весник
Спорт

Протести пред карантинскиот хотел во кој е сместен Ѓоковиќ, тој порача: „Бог гледа се’“

Протести пред карантинскиот хотел во кој е сместен Ѓоковиќ, тој порача: „Бог гледа се’“

Голем број фанови  на тенисерот Новак Ѓоковиќ се собраа пред хотелот „Ројал Парк“ во Мелбурн за да му дадат поддршка.

Приведени се две лица отако дошло до  судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Тензиите се создадоа откако на светскиот тенисер не му беше доволен влез во Австралија и учество на „Австралија Опен“ поради вакциналниот статус. Српскиот тенисер во моментов е во карантин во хотел во Мелбурн, каде ја чека одлуката од судот за жалбата која ја поднесе поради забранетиот влез во Австралија. Австралискиот суд ја одложи одлуката до понеделник. Тогаш, ќе се знае дали светскиот првак во тенис ќе се натпреварува на овогодиншниот „Австралија опен“.

Срѓан, таткото на српскиот тенисер ги повика граѓаните на Србија во 15 часот да протестираат пред Собранието за поддршка. Во меѓувреме, СМС порака на Новак проследи неговиот помлад брат, Ѓорѓе Ѓоковиќ на пресконференција: „Бог гледа се. Мојата благодат е духовна, а нивната материјално богатство“, се наведува во пораката од Ѓоковиќ.

> Протести пред карантинскиот хотел во кој е сместен Ѓоковиќ, тој порача: „Бог гледа се’“ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина