Утрински Весник
Спорт

Просинечки е најблиску до клупата на Словенија

Просинечки е најблиску до клупата на Словенија

Словенија неуспешно ги заврши квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Во конкуренција на Хрватска, Русија, Словачка, Кипар и Малта, Словенците го поделија третото место со Словаците. Медиумите во земјата објавија дека селекторот Матијаж Кек ќе ја напушти функцијата.

Поранешниот успешен тренер на Ријека, би требало да го наследи тренер од соседството. Најблиску до клупата на Словенија е 52-годишниот Роберт Просинечки.

Последниот треберски ангажман Просинечки го имаше на клупата на Босна и Херцеговина. За словенечките медиуми изјавил дека досега никој од Фудбалскиот сојуз на Словенија не го контактирал.

Просинечки бил селектор и на Азрбејџан, а како тренер работел во Црвена звезда, Кајзери и Денизли.

> Просинечки е најблиску до клупата на Словенија <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027