Утрински Весник
Економија

Просечната плата во октомври 27.899 денари

Му дал 1000 денари на лице со здравствени проблеми за да гласа за одредена партија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година изнесува 27.899 денари и е повисока за 8,4% во однос на истиот месец лани, поточно за 2.173 денари. Дополнително, споредено со месец септември истата е повисока за 1,8%, или за 494 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите здравствената и социјалната заштита, потоа уметност, забава и рекреација и преработувачка индустрија.

Согласно податоците на ДЗС, просечната бруто-плата, е за 9% повисока од октомври минатата година, а за 2% повисока од септември годинава. Просечната бруто плата изнесува 40.344 денари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“