Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Проработе страницата на која македонските граѓани може да се пријавуваат за вакцинација

Проработе страницата на која македонските граѓани може да се пријавуваат за вакцинација
Img 7972

Министерството за здравство информира дека пуштена e во употреба веб-страницата Vakcinacija.mk (https://vakcinacija.mk/) на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина против коронавирусот може да се пријави на веб-страницата.

„Граѓаните потребно е да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19. Со пополнувањето на формата, се регистрирате директно во националниот систем ‘Мој Термин’. Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина“, информира Министерството за здравство.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.

„Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против Ковид-19. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои што досега се развиваа и сите други вакцини“, псочуваат од ресорното министерство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

Мицкоски од Струга: Судството и обвинителството ги штитат СДСМ и ДУИ