Утрински Весник
Свет

Пронајден украдениот свиток на Мао вреден милиони долари

Пронајден украдениот свиток на Мао вреден милиони долари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украдениот калиграфски свиток вреден милиони долари е пронајден во Хонгконг пресечен на половина, пренесува „Би-би-си“.

Крадците го украле свитокот на лидерот на Кинеската комунистичка партија, Мао Ѕедунг, минатиот месец кога упаднале во куќата на еден колекционер.

Тие го продале само за дел од вредноста, бидејќи свитокот долг 2,8 метри го пресекле на половина, соопшти полицијата во Хонгконг.

Сопственикот вели дека тоа дефинитивно влијаело на вредноста на уметничкото дело.

Свитокот содржи песни напишани од основачот на Народна Република Кина.

Сопственикот тврди дека вреди 300 милиони долари, но не е јасно како дошол до таа проценка, пишува Би-би-си.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Венс: Постигнат е голем напредок во мировните преговори за Украина

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал