Утрински Весник
Македонија

Пронајден насад со канабис во Беровско

Запленети марихуана и стебла канабис во Прилепско, дилерот притворен

Полицијата пронашла 70 исушени растенија со исушени листови и цветови, за кои се претпоставува дека е канабис. Растенијата биле пронајдени вчера при преглед на терен на патот Берово-Делчево.

„ При преглед на терен во близина на место викано „Негревска крстосница“ и регионален пат Берово-Делчево, на парцела прекриена со отпад, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Пехчево“ пронашле 70 исушени растенија со исушени листови и цветови, за кои постои сомнение дека се работи за насад од растението „канабис“.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипи на Регионалниот центар за гранични работи Исток и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово. По наредба на јавен обвинител, растенијата биле транспортирани до ОВР Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски утре ќе пушти во употреба нов дел од автопатот Кичево – Охрид

Петровска: АНБ е столб на државата, а не ничија сопственост

Жителите на Лагадин алармираат: По дивоградбата, инвеститорот сега сака да ја узурпира и плажата