Утрински Весник
Македонија

Пронајдено уште едно тело, дете е 45. жртва во изгорениот автобус во Бугарија

Пронајдено уште едно тело, дете е 45. жртва во изгорениот автобус во Бугарија

При дополнителен преглед на изгорениот македонски автобус кој се запали на автопатот „Струма“, пронајдено е уште едно тело, пренесе Бугарската национална телевизија (БНТ).

Станува збор за дете, потврдил заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба, Борислав Сарафов за тамошните медиуми.

Така, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа се искачи на 45, како што првично беше објавено. Седуммина патници се спасени и во моментот се на лекување во софиската болница „Пирогов“.

Вчера, бугарските истражни органи соопштија дека во остатоците од автобусот се пронајдени 44 трупа од жртви. Тие добиле информација оти во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат 7 лица, па така беше нејасно каде е уште едниот патник што бил регистриран дека е во автобусот.

Македонските власти веќе го објавија планот за транспорт на повредените во софиската болница и посмртните останки на загинатите.

Можете да прочитате

ВМР-ДПМНЕ: СДСМ со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста

СДСМ: Кој друг од власта е вмешан во новиот корупциски скандал во земјоделието?

Полициските пресретнувачи на терен – „падна“ првата казна во Штип