Утрински Весник
Македонија

Пронајдено тело на жена во селото Вруток, била повеќепати избодена со нож

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на самото место во семејна куќа во селото Вруток, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на една жена со повеќе убодни рани од нож.

Станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток. Според првичните сознанија, смртта на жената настапила 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на самото место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот.​​

Можете да прочитате

АВМУ се огласи по односот на новинарот на прес-конференција во Тетово кон министерката Јаневска

Вработени се затруени од кујната на РЕК Битола

Села формира нова партија „Албански сојуз“