Утрински Весник
Македонија

Пронајдено телото на 27-годишниот работник кој падна во канал за наводнување

Синоќа во близина на кочанското село Бање, во канал за наводнување бил пронајден починат 27-годишниот работник од Кавадарци, по кого се трагаше. На 23 мај во 17 часот и 10 минути беше пријавено дека најверојатно паднал во каналот додека извршувал работни задачи на објект во кочанското село Тркање.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, а по наредба на Јавен oбвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Можете да прочитате

Нападнати медицински лица во Скопје, пациент се заканувал и кршел инвентар

Велковски: Асистивната технологија е клучен инструмент за еднакво учество на лицата со попреченост во општеството

Судскиот совет утврди сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелациониот суд Скопје