Утрински Весник
Македонија

Пронајдени оружје и муниција, при претрес во Прилеп

Пронајдени оружје и муниција, при претрес во Прилеп

Денеска полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршија претрес во дом и други простории во с.Житоше кај И.А.(43).

При претресот се пронајдени и одземени еден пиштол „Роси“ калибар 22 мм, пет куршуми 22 мм, 12 куршуми калибар 7,62 х 25 мм, еден сигнален пиштол и една рамка за пиштол „црвена застава“ М-57, за кои не поседувал дозвола, соопшти полицијата.

По документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по чл.396 од Кривичниот законик, информира МВР.

Можете да прочитате

На Клиниката за ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти

Возило удрило во жителка на кавадаречко Марена, прегазената е со тешки телесни повреди

ЦУК со вонредно соопштение за обилните врнежи