Утрински Весник
Македонија

Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце

Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце

Во нива кај тетовско Теарце полицијата пронашла околу 100 стебла канабис.

Според МВР, вчера по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Тетово на местото викано „Лапуф“, на подрачјето на Полициското одделение Теарце, во нива, пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението канабис сатива.

Според сопственикот на нивата С.У.(67) од тетовско Теарце, таа повеќе години не била обработувана.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат органите на прогонот.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“