Утрински Весник
Македонија

Пронајдена дрога во скопски кафулиња – приведени десет лица

Синоќа при контроли во скопски угостителски објекти полицијата приведе десет лица кај кои што била пронајдена дрога.

„Извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се десет лица. Тие се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Имено, кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, Б.Е.(37), Е.Б.(24) и М.Х.(25) од Косово, В.Ц.(50), Г.Ц.(47) и Л.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Можете да прочитате

СДСМ со потсетник: Тендери од 9 милиони евра за една фирма со само двајца вработени!

Костадинов: Вечерашната одлука на СДСМ е чекор напред и простор за вистинска промена

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните