Утрински Весник
Македонија

Промовирана аудио книгата „На своја кожа продолжи со насмевка-ниво 1.0“ од авторот Драганов

Промовирана аудио книгата „На своја кожа продолжи со насмевка-ниво 1.0“ од авторот Драганов

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Промоција на аудио книга „На своја кожа продолжи со насмевка-ниво 1.0“ од авторот Мирослав Драганов, која е наменета за слепите и слабовидни лица од целата територија на Република Северна Македонија.

Драганов истакна дека оваа дело е специфично автобиографска и мотивациска и прв пат открива работи кои се поврзани со превенција на менталното здравје, за работи кои долго време биле табу тема кај нас.

Драганов информира дека аудио книгата е составена од 24 фази, каде се претставени 101 приказна.

– Книгата е концепирана на тоа што секоја животна фаза е составена од лични приказни кои се вистински. Вториот дел се состои од поезии, каде ги изразувам чувствата за одредени моменти во животот. И третиот дел е насловен „Можевме поинаку?“, некој вид на грешки кои сегашниот Мирослав си ги перципира и ги гледа во минатото, рече Драганов.

Главната порака на „Продолжи со насмевка“, посочи тој, е дека што да ни се случи во животот секогаш можеме да најдеме инспирација и да продолжиме со насмевка.

Дел од ова аудио книга се Лаура Крлиу, пејачка (во улога на рецезентка), Емине Халил, актерка (во улога на интерпретаторка на женските ликови во книгата) и Никола Здравковиќ, новинар (во улога на интерпретатор на машките ликови во книгата).

Пристапната аудио книга е изработена во рамките на кампањата „Град за читање“ и претставува формат достапен за лицата со оштетен вид согласно Договорот од Маракеш кој на слепите лица го дава основното човеково право за читање.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реактивиран пожарот кај пехчевско Негрево

Со хеликоптер се евакуираат пет лица од светиниколско Стројменци

Се огласи МВР откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади