Утрински Весник
Економија

Прометот во индустријата во април намален за 50,8 отсто во однос април лани

Прометот во индустријата во април намален за 50,8 отсто во однос април лани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 јуни 2020  (МИА) – Прометот во индустријата, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во април годинава во однос на истиот месец лани забележал пад од 50,8 отсто.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23,8 отсто, Капитални производи за 80,2 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 42,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 29,2 отсто.

Прометот во индустријата, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, бележи пад од 40,9 отсто, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, пад од  од 15,2 отсто.

На домашниот пазар падот на прометот на домашниот пазар е 17,6 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2 отсто, Капитални производи за 24,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 43,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 20,6 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, има пад од 16,8 отсто, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, 2,3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во април 2020 година, во однос на април 2019 година, има пад од 61 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 28,9 отсто, Капитални производи за 82 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 45 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 35,2 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, има пад од 50,3 отсто, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, пад од 18,8 отсто. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра