Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, попладне дожд и ветер

Облачно со повремен дожд

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе се движиод два до девет степени, а дневната температура од 11 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура до 16 степени.

Во недела врнежите ќе бидат пообилни (над 20л/м2) и поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос од паркирани возила во Дебар Маало – пожарникарите не можеа да интервенираат

Трагично згасна животот на младиот охридски снимател Кристијан Љушев

Саит Саитов уште како малолетник дивеел со „Пасат“ низ улиците (видео)