Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. УВ=6

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурите.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“