Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно со локален дожд

Променливо облачно и ветровито

Скопје , 22 јуни 2020 (МИА) – Времето претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура  од  18 до 30 степени.

Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 28 степени.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и топло време, но попладне се уште со услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поддршка од европратеничката Ана Миранда за Васил Стерјовски

Екс претседателот Ѓорге Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна