Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со температура до 18 степени

Променливо облачно време со температура до 18 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Попладне почнувајќи од северните делови облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната од 12 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од утре ќе се задржи свежо време со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Се очекува утринските температури од вторник на повеќе места да бидат околу нулата. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд.

Можете да прочитате

ОЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира

Крајовски: Битолчани се колатерална штета на бизнисите на ВМРО-ОКГ и Мицкоски, бараме истрага за труењето во РЕК

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла