Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со температура до 25 степени

Променливо облачно време со температура до 25 степени

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд претежно во крајните западни и крајните источни делови. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат значително повисоки. Услови за локален дожд ќе има во недела.

Можете да прочитате

Вработен во „Македонски железници“ повреден од струен удар

За семејно насилство приведени шест лица

Грозоморно убиство во Зрновци, пронајдено безживотно женско тело