Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди
Dik 300x250 mk

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Претежно во крајните западни и источни делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Попладне ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југозападен правец.

Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд.

Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница