Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со врнежи од дожд

Променливо облачно време со врнежи од дожд
Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно, околу пладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Oд недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи