Времето претпладнево ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, јавува УХМР.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 27 до 34 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Слична временска состојба се очекува и во среда, кога наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Од четврток следува период на постабилно, сончево и потопло време.