Барселона, 14 март 2020 (МИА) – Трката во Холандија во Формула 1 ќе биде одложена на неодредено време, а Шпанското Гран-при ќе биде откажано заради коронавирусот.
Гран при на Холандија беше закажано за 1-3 мај 2020 година за прв пат по 35-годишна пауза. Големата награда на Барселона требаше да се одржи на 8-10 мај.
Според информациите, календарот ќе биде згуснат во јуни-јули годинава, а финалето на сезоната во Абу Даби ќе се одржи на 13 декември.