Утрински Весник
Македонија

Пролетни акции за чистење на приградските населби и села во кумановско

Пролетни акции за чистење на приградските населби и села во кумановско
Dik 300x250 mk

Куманово, 11 февруари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ од Куманово почна со реализација на пролетните акции за чистење на приградските и руралните средини.
Како што информираа денеска од претпријатието, нивни екипи веќе ја исчистиле населбата „Вера Которка“ и излезот од населбата „Диво Насеље“ кон селото Романовце.
-Исчистен е отпадот покрај патот, измиен е коловозот од кал и песок, искастрени се гранките покрај патиштата, остранет е сметот, изјави директорот на јавното претпријатие, Даниел Стојчевски.
Акциите почнаа да се спроведуваат лани, а годинава ќе продолжат до крајот на летово. Ќе се спроведуваат секоја сабота и ќе опфатат приближно триесетина приградски и рурални средини. Акциите се спроведуваат надвор од програмата на претпријатието.
-Апелирам до граѓаните да не создаваат смет на веќе исчистените локации и ги повикувам да ни се придружат во расчистувањето и уредувањето на нивните локални места, рече Стојчевски. ам/бак/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До 11 часот и 15 минути гласале 9,38 проценти од избирачите

До 9 часот во Куманово гласале 2,75%, на едно избирачко место нема струја, се гласа со УВ ламба и УВ спреј

Граѓаните можат да пријават изборни нерегуларности во сите канцеларии на Омбудсманот